Европската куќа на фудбалот конечно донесе одлука како да се доигра оваа сезона во европските натпреварувања.
Како што пренесуваат бројни светски медиуми, ќе се игра Фајнл-ејт турнир во Лисабон. Ќе се игра турнир меѓу осумте најдобри екипи на два стадиони во Лисабон.
Најпрвин ќе се доиграат осминафиналните мечеви во земјите кои се домаќини: Барселона – Наполи, Манчестер Сити – Реал Мадрид, Јувентус – Лион и Баерн Минхен – Челзи (реваншите ќе се играат на 6 и 7 август).
Во четвртфиналето ќе се игра по еден натпревар и тоа на 12, 13, 14, 15 август, а потоа полуфиналињата се на програмата 18 и 19 август. Финалето е закажано за 23 август.
Жребот за четвртфиналето и полуфиналето ќе се одржи на средината на јули.