УЕФА сериозно работи на промена на форматот на Европското првенство кое беше презакажано за следната година. Првичниот план беше Еуро 2020 да се одржи во 12 различни градови и земји на Стариот континент, Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин.
Сепак, развојот на настаните со пандемијата диктира поинакво темпо, па УЕФА сега ја разгледува опцијата сите средби да се играат само во една земја и на само 4 стадиони. Сето ова ќе се направи со цел да се ограничи патувањето во услови на пандемија за да се ограничи ширењето на инфекцијата.
Според британскиот таблоид „САН“, Баку и Санкт Петербург уште отсега се на пат да бидат отстранети од организацијската структура на ова ЕП.