Украдена камбаната тешка 160 кгр од црквата во Сарај

Црковно ѕвоно тешко околу 160 килограми е украдено од засега непознат сторител, или сторители, од црквата во скопското село Сарај, информираше во вторникот Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата којашто во понеделникот околу пладне ја поднел во полицијата маж од Скопје, црковното ѕвоно од храмот „Света Злата Мегленска“ во селото Сарај, било однесено изминатиот викенд, во периодот од 13 часот на 25-ти до 8 часот на 26-ти ноември.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.