Три лап-топ компјутери и еден монитор се украдени од кабинет на Правниот факултет во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Крадецот успеал да го скрши прозорецот од кабинетот, влегол внатре и ги украл компјутерите и ЛЦД мониторот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.