Украина се обидува да ги убеди своите западните партнери да ги намалат набавките на рускиот гас преку гасоводот Северен тек 1 и да се префрлат на украинскиот гасовод со цел да се зголеми влијанието на Киев во конфликтот со Москва, пренесува во четвртокот агенцијата Reuters повикувајќи се на претставници на енергетски компании и министерства.
Според нивното мислење, зголемувањето на испораките на гасот за Европа преку Украина ќе ја принуди Москва да плати повеќе за трензитните такси што би било наменето за финансирање на украинската војска.
Според агенцијата, претставниците на украинските енергетски компании „Оператор ГТС“ и „Нафтогаз“ престојувале една седмица во Вашингтон на средби со американската претседателска администрација и со конгресмени, барајќи од нив да ја убедат Германија и другите европски земји да го прифат украинскиот план.
„Русија зависи од нас, поради транспортирањето на гасот од Русија во Европа. Тоа може да се искористи во нашите преговори со нив, а Европа може да помогне во тоа“, изјави минатиот петок директорката за соработка со државни органи и меѓународни организции во украинската компанија „Оператор ГТС“, Олга Белкова.
Портпаролите на Белата куќа и на германското министерство за економија и заштита на климата одбиле да коментираат на барање на Reuters. Во средата Германија објави дека ќе „престане да увезува нафта, а потоа и гас“ од Русија кон крајот на 2022 година, без да прецизира краен рок.
Претходно германскиот канцелар Олаф Шолц призна дека сеопфатните западни санкции против Русија се двострани и имаат последици по целиот свет, особено врз растот на цените на енергијата, што некои земји не можат да ги надминат.
Челникот на германскaта Deutsche Bank, Кристијан Зевинг во март ја отфрли идејата за запирање на гасоводот Северен тек 1, оценувајќи тогаш дека ефектот од санкциите „ќе биде крајно деструктивен, не само за руската економија, туку ќе има „негативно влијание и врз нас“.
„Ако го исклучиме Северен тек 1, тоа не само што би бил прекин на испораката на руски гас за Германија, туку наскоро би довел до сериозни проблеми во снабдувањето со енергија и би имало значително зголемување на цените кај нас“, рече тогаш Зевинг.
Пренасочувањето на испораките од гасоводот Северен тек 1 „тешко ќе минат“ во Германија и остатокот од Европа, сметаат аналитичарите. Таквиот потег „нема нималку да ја подобри безбедноста на европското снабдување“, вели поранешниот специјален претставник на американското министерство за надворешни работи Дејвид Голдвин,. Кристијан Егенхофер од Центарот за европски студии со седиште во Брисел, пак, предупредува дека ЕУ со тоа би ги прекршила договорит за снабдување склучени со Русија.
Гасоводот Северен тек 1, со капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, минува низ Балтичкото Море и ги поврзува Русија и Германија, а преку него редовно се доставува гас во Западна Европа повеќе од десет години. Покрај тоа Русија во Европа доставува уште 40 милијарди кубни метри газ преку Украина за што му плаќа на Киев трензитни такси во долари. Поради тоа САД и Украина жестоко се противеа на Северен тек 2 кој ќе ги удвоеше руските испораки од Германија и Киев ќе го оставеше без значителни извори во милијарди евра.
Советникот во украински „Нафтогаз“, Даниел Вајдич, изјави дека префрлањето на руските испораки од Северен тек 1 преку украинскиот систем „на Киев ќе му обезеди поголеми влијаени врз Москва и би му покажало на Кремљ дека Европа својата безбедност ја врзува за безбедноста на Украина“.
Украинските функционери предложиле 40 отсто од гасот од Северен тек 1 веднаш да се пренасочат низ украинскиот транзитен систем, а остатокот до април следната година. Тоа на државите во ЕУ би им дало време за правење резерви за зимата и за диверзификација на набавките, додале од Киев.
Според истите извори, Украинците барале помош од САД за пристап за снабдувањето за течен гас во Турција. Украина мора наскоро да почне да обезбедува гас и за своите потреби, пред почетокот на зимската грејна сезона во октомври, рекла советничката на управата на „Нафтогаз“, Светлана Залишчук.