Украина објави дека во регионот на Харков се пронајдени тела на 44 цивили

Телата на 44 цивили се пронајдени во урнатините на петкатната зграда во Изјум, која беше уништена од руските сили во март, изјави цо вторникот, именуваниот челник на на украинската регионална воена управа во Харков, Олег Синегубов.

„Во привремено окупираниот Изјум, под урнатините на петкатницата уништена од окупаторите во почетокот на март, пронајдени се телата на 44 цивили“, тврди Синегубов, пренесува британскиот јавен сервис BBC.

Синегубов на својот Tеlegram канал оцени дека ова е „уште едно ужасно воено злосторство на руската армија врз цивилното население“.

Во прилогот на BBC се наведува дека не се во можност да ги потврди овие тврдења од независни извори.