Украинската армија рано утринава соопшти дека руските сили истрелале три ракети и извршиле 22 воздушни напади за 24 часа.
„Зафатена е инфраструктурата во повеќе од 30 населени места“, велат од Армијата.Тие додаваат дека украинските сили вчера погодиле 14 руски објекти.
Украинскиот гувернер на Луганската област Сергеј Хајдај изјави дека во текот на вчерашниот ден загинале околу 200 Руси по експлозија во окупираниот град Сватове.
Институтот за војна, пак, објави дека руските сили во моментов се потпираат на нерегуларни доброволци наместо на редовната армија и дека украинските сили продолжуваат да ги консолидираат позициите долж реката Оскил во регионот Харков. Исто така додава дека руските сили најверојатно ќе се повлечат на позиции кои се полесни за одбрана.