Иранската агенција за цивилно воздухопловство случајното соборување на украинскиот патнички авион во кое во јануари во кулминацијата на американско-иранските тензии загинаа 176 лица, утврдила грешка во радарскиот систем и недостиг од комунијација меѓу операторот на противоздушната одбрана и неговите надредени.
Противвоздушен ракетен систем на иранската Револуционерна гарда на 8-ми јануари со ракета „земја-воздух“ собори авион на украинска воздухопловна компанија набрзо по полетувањето од техеранскиот аеродром, а Иран подоцна призна дека неговите сили кои биле во состојба на висока приправност по иранското ракетирање на американските воени бази во соседен Ирак поради американското убиство на иранскиот генерал Касам Сулејмани на 3-ти јануари кај Багдад, направиле „катастрофална грешка“.
„Грешката при прилагодување на радарскиот систем предизвикала човечка грешка. Операторот заборавил да ја намести насоката на радарскиот систем по преместувањето на нова позиција, а тоа била грешка која придонела за погрешно читање на податоците од радарот“, се наведува во соопштението на интернетската страница на иранската Организација за цивилно воздухопловство (CAO).
Извештајот на CAO, објавен во саботата ноќта, наведува дека противвоздушниот систем кој го гаѓал авионот бил преместен и „не бил соодветно пренасочен“,
„Пропустот се сличил по премесување на една противвоздушна единица на Техеран… Се случило поради човечка грепшка“, се вели во извештајот на CAO и се додава дека системот авионот го дектектирал како цел која се приближува кон иранската престолнина.