Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славе во 36-то коло на англиската Премиер лига кај Кристал Палас со 2:0, и си ги придолжија надежите за пласман во Лигата на шамионите.
Погодоците за манчестерските „Црвени ѓаволи“ ги постигнаа Маркус Рашфорд во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме и Антони Марсиал во 78 минута.
Крстал Палас ја продолжи серијата од шест последователни првенствени порази, но сепак имаше одлична бодовна залиха па и покрај тоа е безбеден на 14-ти место со 42 бодови.
Манчестер Јунајтед, пак, не е поразен во Премиер лигата од 22-ри јануари кога загуби на гостувањето кај Барнли со 0:2. Од тогаш забележа седум победи и четири ремија.
Со серијата добри резултати Манчестер Јунајтед со 62 бода е на петтото место со послаб скор од Лестер со кого е бодовно израмнет, а третопласираниот Челзи му бега само бод, а до крајот на првенството има уште две кола. Четвртата позиција води во Лигата на шампионите.
Во вториот вечерна натпревар во четвртокот Саутемптон и Брајтон одиграа 1:1. Машаи во 17 минута ги доведе гостите во водство, а израмни Ингс во 66 минута.
Саутемптон е 12-ти со 46 бодови, а Брајтон е 15-ти со 37 бодови.