Јунајтед им се придружи на Сити, Тотенхем и Брентфорд во полуфиналето на Лига купот

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој во средата вечерта избори полуфинале во англискиот фудбалски Лига куп, придружувајќи им се на Манчестер Сити, Тотенхем и второликашот Врентфорд.

Во последниот натпревар од четврфиналето, „Црвените ѓаволи“ во Ливерпул го совлада Евертон со 2:0. Јунајтед поведе во 88 минута со прекрасниот гол на Единсон Кавани, а победата на гостите во шестата минута од судиското продолжение ја потврди Ентони Марсиал.

Во претходно одиграниот дуел Тотенке на гостувањето го совлада второлигашот Стоук Сити со 3:1. Головите за „Спарс“ ги постигнаа Гарет Бејли во 22, Бенџамин Дејвис во 71 и Хари Кејн во 82 минута, додека погодокот за домашните го постигна Џордан Томпсон во 53 минута.

Во вторникот пласманот во четвртфиналето го избори Манчестер Сити кој на гостувањето во Лондон го декласираше Арсенал со 4:1.

Второлигашот Брентфорд, пак со 1:0 го победи Њукасл Јунајтед, забележувајќи ја четвртата последвоателна победа против клуб кој доаѓа од Премерливата. Серијата ја отвори во второто коло со победата над Саутемптон, во следното коло го совлада Вест Бромвич Албион, во осминафиналето Фулам, а во четвртфулаето и Њукасл Јунајтед. Ова е воедно најголемиот успех за Брентфорд во некој од англиските купови.