
Унгарија е прва земја во регионот која ја ангажира својата армија за евакуација и прифаќање на свои граѓани кои биле во посета на загрозените подрачја во Кина и формираше специјална работна група за борба против коронавирусот.
Досега од Франција во Будимпешта се префрлени седум државјани на Унгарија со помош на авионот Ербас А319.
Досега најбројни евакуации од Кина во Европа извршија Франција, Велика Британија и Германија, а глобално САД и Јапонија.
Улогата на вооружените сили варира од држава до држава, од воздухопловна евакуација, прифаќање на земјата, организација на карантинското сместување, па се до медицинска контрола.