![mvm ungarija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/mvm-ungarija.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Унгарија испораките на рускиот гас ќе ги плаќа во рубљи како што бараше Москва, изјави во средата премиерот Виктор Орбан, што е спротивно на одлуката на Европската унија а чиишто некои членки сепак се согласни за конверзации во руската валута при плаќањата.
Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди ЕУ дека ризикува да остане без гас во периодот на закрепнување на економијата од ковид-кризата, доколку не ја почитува одлуката за плаќање во рубљи со што Москва одговори на новите санкциите на Брисел наметната овојпат во врска со украинската војна.
Унгарија е подготвена да ги плаќа испораките на гасот во руби доколку така Русија така сака, одговори премиерот Орбан на прашањето на новинарот на Reuters на прес-конференција.
Европската комисија истакнува дека договорите за испораките за рускиот гас се составени за плаќање во евра или долари, и дека тоа треба да се почитува. Но агенцијата Reuters пред две седмици објави дека договорите по 2015 година содржат и клаузила за исплати и во други валути, вклучително и во рубљи.
Петер Сијарто, шефот на унгарската дипломатија, рече претходно дека ЕУ „не учествува“ во договорот кој Будимпешта го склучува со Москва, бидејќи тоа е билатерален договор меѓу унгарската енергетска компанија MVM и рускиот гасен гигант „Газпром“.
Унгарија е една од неколку држави членки на ЕУ и НАТО коишто ги отфрлаат енергетски санкции на Брисел притив Москва. Земјата е многу зависна од руските нафта и гас, а соработува и во одржувањето најзините нуклеарни реактори, а минатата година потпиша договор за долгорочна испората по повластени цени со коишто „Газпром“ е обврзан да ѝ испорачува 4,5 милијарди кубни метри гас годишно.