Унгарија, Србија и Словенија ги споија берзите за струја

Србија, Унгарија и Словенија ги обединија берзите за електрична енергија. Заедничката регионална берза е вклучена меѓу трите водечки во Европа и се очекува да почне да функционира во втората половина на годинава.

Заедничката берза, како што е најавено за време на потпишувањето на договорот за спојување на берзите, носи сигурност во снабдувањето со електрична енергија во трите земји, ја балансира и ја олеснува трговијата со електрична енергија без административни бариери и со поволно влијание врз пазарните цени.

Со потпишувањето на договорот за спојување и унгарската берза, сите три земји ја зајакнуваат не само својата енергија, туку и економските позиции на европскиот пазар.

Притоа исполнуваат уште еден услов – привлекување инвестиции во обновливи извори на енергија и нивно поврзување на мрежата.

Унгарската берза на струја ХУПЕКС е референтна за цените на струјата во регионот.