Унгарската влада им дава на семејствата до 10.000 долари за реновирање на домовите

Унгарската влада на семејствата ќе им даде до три милиона форинти, односно речиси 10.000 американски долари, за обновување на нивните домови, најави министерството за семејство, што е последната во низата мерки за поттикнување на економското закрепнување од пандемијата на коронавирусот.

Долгата здравствена криза која предизвикува и економкско закрепнување побавно од очекуваното, би можеле да се покажат како проблем за владејачката партија Фидеш на премиерот Виктор Орбан која веќе започна со подготовките за следните парламентарни избори кои се закажани за првата половина од 2022 година.

Пред една седмица премиерот Виктор Орбан соопшти дека владата повторно за пет отсто ќе го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на градбата на становите до крајот на 2022 година, што како и при глобалната економска криза од 2008 година, така и во сегашната , воопштено меѓу економистите се смета дека може да се надмине со заживување на градежниот сектор,

„Семејствата со најмалку едно дете ќе може да побараат половина од трошоците за реновирањето, до три милиона форинти“, изјави во средата министерката за семејство, Каталин Новак,

Унгарија, чиј ДДВ од 27 отсто е меѓу највисоките во Европа, од 2016 година до крајот на минатата 2019 година, применуваше ДДВ од 5 отсто на градежните проекти за домување, што предизвика станбена ренесанса и последично го поттикна економскиот раст на 4 до 5, меѓу највисоките во Европа.

Економистот Петер Воровач семта дека буџетскиот дефицит следната година би моќел да достигне околу 4 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Целта на владата, пак, е тоа да биде 2,9 отсто во буџетот за 2021 година.

„Оваа мерка е одраз на владината политика на поддршка на семејството и градежништвото, но ваквите осамени потези тешко дека ќе може да направат пресврт од економскиот шок предизвикан од пандемијата“, смета Виривач.