Засега непознат маж со закана со огнено оружје во петокот ограбил експозитура на банка во Велес, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
На 07.02.2020 во 09:20 часот во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на банка на улицата „8-ми Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.
Засега не е познато дека колку пари понел со себе ограбувачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.