Позитивни на новиот коронаворус се уште двајца мигранти во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, кои биле сместени во близина на шаторот на 40-годишниот бегалец од Сомалија кој беше првиот потврден случај, објавија во саботата грчките здравствени власти.
Прифатниот центар од средата е во карантин, а Националната организација за јавно здравје на Грција започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, а целта е да се направат 2.000 тестови.
Според медиумите од островот, двајцата потврдени случаи се од првите 500 тестови.