Привлекувањето странски инвестиции е успешна политика на Владата и ефектите кои произлегуваат од неа се позитивни, рече денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека се почитувани сите законски процедури кога станува збор за привлекување на странските инвеститори.
„Што се однесува до придобивките за реализација на инвестиција во ТИРЗ имаме еднаков пристап и нудиме еднакви можности и кон странските и кон домашните субјекти“, рече Ѓорѓиев.
На прашањето поврзано со можноста директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида дека покрај направената ревизија од Државниот завод за ревизија ќе ангажира и друга ревизорска куќа, владиниот портпарол смета дека секогаш е позитивно поголем број субјекти да направат контрола на една иста работа.