Успешна евакуација на Обреновац

Успешно продолжува евакуацијата на жителите на Обреновац. Ситуацијата со нивото на Сава во Белград е под контрола, вели началниот на оперативниот градски центар, Александар марсениќ.

„Евакуирани се жителите на Забрежје,  а на Термоелектраната „Никола Тесла“ поставени се  уште 15.000 вреќи. Ангажирани се хеликоптерски единици и нуркачки клубови. Акцијата и понатаму тече, се доставува храна 24 часа на ден, а потребна е и вода за пиење“, кажал Марсениќ.

Тој навел дека продолжува и асанацијата на теренот, односно дека службите работат на сите локации на кои е возможно.

Кога е во прашање Белград, Марсениќ навел дека ситуацијата со нивото на Сава во моментот е стабилна и е под контрола.

Според неговите зборови, волонтерите се праќаат на дестинации кои е потребно да се бранат, а вреќи за песок засега има доволно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.