Уставните измени пред пратениците во понеделник

Предлогот за уставни измени кои произлегуваат од договорот со Грција за промената на уставното име на Република Македонија, по дводневна расправа на собраниската Комисија за уставни прашања во понеделник ќе биде расправан во Собранието за кога е закажана пленарна седница.

Собраниската Комисија за уставни прашања претходно во петокот попладнето со десет гласа „за“ и седум „против“ донесе заклучок со кој го поддржа владиниот предлог за пристапување кон промена на Уставот во врска со Договорот за името со Грција и Собранието да пристапи кон гласање на уставните измени.

Претставниците на Владата бараат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во понеделник да гласаат за уставните измени, коишто, пак, најавија дека нема да ги поддржат.

За да бидат усвоени уставните измени потребно е двотретинско мнозинство во Собранието. Собранието наложи Владата во рок од 15 дена да го изготви и утврди нацрт-текстот на уставните амандмани. Доколку уставните измени не поминат во понеделник, односно не се постигне двотретинското мнозинство, најавите се дека ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори.