![cesma voda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/cesma-voda.jpg?resize=680%2C464&ssl=1)
Од ЈП „Водовод и Канализација“ на Град Скопје, најавија дека на ден 23.04.2019 (вторник), заради изведување водоводен приклучок со пречник 80мм на ул. „Ристо Шишков“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Ј.Х.Џинот“, „Благоја Страчков“, 8 март, „Ристо Шишков“ и објектите во близина на Градски стадион.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот па до завршувањето на работата. (Општина Центар)