Јуве му бара нов тим на Емре Џан

Раководството на италијанскиот хегемон Јувентус има намера да ги намали трошоците за платите на тимот. По тој повод, „бјанконерите“ сакаат да се разделат со играчот од средниот ред Емре Џан, пренесува „Спорт Медијасет“.

Јувентус исто така сака да се раздели со играчот од средниот ред Сами Кедира. Тренерот Маурисио Сари, сепак, инсистира на тоа дека му треба Германецот во тимот.

Емре Џан му се придружи на Јувентус минатото лето како слободен агент од Ливерпул. Германецот има договор до летото 2022 година со годишна плата од 4 милиони фунти. Тој исто така доби и бонус за потпишување од 14 милиони.

Како дел од Јувентус, тој одигра 37 натпревари во својата дебитантска сезона, постигнувајќи 4 голови и 1 асистенција.