![koronavirus juzna koreja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/0baba35e23df456d8135b77c40ed5bba_18.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Јужнокорејските здравствени власти известија дека во последните седум седмици во четвртокот е забележан најмалиот број нови случаи на зараза со новиот тип коронавирус.
Како што објави јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болестите, забележани се 39 нови случаи и ова е првпат по 20-ти февруари дневниот број на заразените да падне под 40 лица. Четири дена со ред бројот на новозаразените се движеше околу 50 луѓе.
Вкупно позитивни на вирусот SARS-CoV-2 во Јужна Кореја се регистрирани 10.423 луѓе, од кои 204 починале. Речиси седум илјади луѓе кои биле заразени потполно закрепнале.
Во текот на март беше јасен надолниот тренд на заразите, откако во оваа земја кризата со коронавирусот го достигна пикот кон крајот на февраури, со повеќе од 900 случаи на заразата во текот на 24 часа.
Јужна Кореја во зауздувањето на вирусот проведува масовни тестирања, а на населението му е препорачано и покрај попуштањето на пандемијата и натаму да го одржува социјалното дистанцирање.
Властите уште се загрижени од можноста за групни зарази во болнциите и верските заедниц, како и од порастот на ткн „увезени случаи“ поради враќањата на Корејците од странство.