Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ објави во средата дека конечните резултати од завршната фаза на испитувањето на вакцината којашто ја развива заедно со германската биотехнолошка компанија „BioNTecch“ потврдле дека препаратот е 95 отсто ефикасен, како и дека следните денови ќе поднесат барање за вонредно одобрување.
Во објавата се наведува дека резултатите од делувањето на вакцината се доследни во разни возрасни и етнички групи, како и дека немало поголеми нуспојави. Ефикасноста кај лицата повозрасни од 65 години, кои се високоризична група од коронавирусот, е повисока од 94 отсто, се додава во соопштението на „Pfizer“.
Конечната анализа е објавена по една седмица откако беше соопштено дека прелиминарните резултати покажале дека оваа вакцина е ефикасна во повеќе од 90 отсто од случаите, и истиот ден кога беа објавени резлтатите од испитувањата на кинеската вакцина против Covid-19 на компанијата „Sinovac“ според кои овој препарат предизвикува брз имунолошки одговор кај вакцинираните. Претходно во понеделникот и американската биотехнолошка компанија „Moderna“објави дека нејзината вакцина против коронавирусот се покажала ефикасна кај 94,5 отсто од вакцинираните во клиничките испутувања, а и рускиот научен институт „Гамалеј“ соопшти дека и неговата вакцина „Спутник V“, исто така, има над 92 отстотна ефикасност.
„Pfizer“ во средата откри и дека имал 170 случаи на зараза на примерок од повеќе од 43.000 испитаници, од кои 162 биле меѓу оние кои примиле плацебо, а и 8 во групата која била вакцинирна. Десет лица развиле тешки симптоми на Covid-19, меѓу нив едно лице кое ја примило вакцината.
Повеќе од 2 отсто од вакцинираните почувствувале замор, а по втората доза од вакцината тој процент се зголмил на 3,7 отсто. Повозрасните испитаници имале помали нуспојави по вакцинирањето.
„Pfizer“ и „BioNTech“ податоците од испитувањата ќе ги престават пред регулаторните агенции ширум светот, како и за рецензија во научно списание.
Компаниите повторуваат дека очекуваат дека до крајот на годинава да произведат 50 милиони дози од вакцината, штое доволно за заштита на 25 милиони луѓе, а во следната година до 1,3 милијарди дози.