Една голема анализа за вакцините сугерира дека вакцинирањето со „АстраЗенека“ навистина го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, како и уште една сериозна состојба што може да предизвика крварење, пренесува Би-Би-Си.
Но, студијата откри дека ризикот од такви проблеми по инфекција со ковид-19 е уште многу поголем.
Тимот предводен од Универзитетот во Оксфорд, исто така, откри зголемен ризик од мозочен удар по вакцинацијата со „Фајзер“, но повторно со многу помала стапка отколку по инфекцијата.
Тимот рече дека тоа уште еднаш ја покажа „значителната“ корист од вакцинацијата.
Тоа се случува откако во четвртокот, откако судски вештак потврди дека водителката на Би-Би-Си – Њукасл, Лиза Шо починала поради компликации од вакцината „АстраЗенека“.
44-годишната жена почина во мај, откако разви главоболки една недела откако ја доби првата доза. Имала згрутчување на крвта во мозокот.
Истражувачкиот тим ги разгледа записите од повеќе од 29 милиони луѓе кои ја примиле првата доза на вакцина против ковид-19 од декември до април, како и скоро 1,8 милиони кои биле заразени со вирусот.
Студијата, објавена во „British Medical Journal“, бараше компликации до 28 дена откако луѓето биле вакцинирани или заразени.
– дополнителни 107 би биле хоспитализирани или би умреле од тромбоцитопенија, што може да предизвика внатрешно крварење и хеморагии, но тоа било речиси девет пати помало од ризикот од истата состојба по инфекција,
– дополнителни 66 би биле хоспитализирани или би умреле од згрутчување на крвта во вените, но тоа било скоро 200 пати пониско од ризикот по инфекција.
На секои 10 милиони луѓе вакцинирани со вакцината „Фајзер“, се открива:
– Се забележани 143 мозочни удари, но тоа беше скоро 12 пати помало од ризикот по инфекција.
Водечката авторка, Проф. Џулија Хипсли-Кокс, рече дека е важно луѓето да се свесни за ризиците, но дека тие се чуваат во контекст со оглед на поголемиот ризик од заразување.
Нејзиниот колега, професор Азиз Шеик, додаде дека наодите „јасно ја нагласуваат“ важноста од вакцинирање за да се намали ризикот од овие згрутчување и крварења.
Вакцинациите, рече тој, нудат „значителна придобивка за јавното здравје“.