
Четирикратниот победник на ракометната СЕХА Газпром лигата, Вардар е на чекор до теоретско заверување на место на Ф4 турнирот по триумфот на гостински терен во Нови Сад против Војводина, со 26:23 (13:14).
Ова беше 12 победа за Вардар сезонава и е последна контрола за македонскиот првак пред гостувањето во Германија кај Рајн Некар на 6-ти февруари.
Без петмина ракометари, Борозан, Гедбан, Мораеш, Горбок и Карачиќ, Вардар во текот на целиот меч играше без многу вложувањае, што го искористија домашните ракометари кои во неколку наврати имаа и водство, а во првото полувреме и „плус 2″. Но, кога Вардар во самата завршница одигра многу подобро во одбрана, тогаш веднаш се почувствува разликата во класата и тоа придонесе и да направиме во последните минути предност што ја задржавме.
Чупиќ, Скубе и Криштопанс заедно постигнаа 21 гол за Вардар и токму тие ги постигнаа последните три решавачки голови за „црвено-црните”.