Дербито помеѓу Вардар и Шкупи ќе се одигра без гостински навивачи

Поради страв од евентуални инциденти, дербито помеѓу Вардар и Шкупи ќе помине без "Шверцерите"

По препорака на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука дербито помеѓу Вардар и Шкупи да се одигра без гостински навивачи.

Скопското дерби кое се враќа на сцена по пауза од неколку години, ќе се игра под рефлектори во 20 часот, но поради стравувања од можни инциденти, ќе се делува превентивно, односно гостински навивачи нема да има.

Одлучено е билетите за натпреварот да не се продаваат он-лајн и секој што сака да присуствува на градската пресметка ќе може да купи билет на стадионот, два-три часа пред почетокот на мечот.

ФФМ денеска го објави делегирањето на делегати за воведното коло во Првата лига, според кое вардарци својата одбрана на трофејот ќе ја започнат во вечерен термин од 20 часот.

Три дуели од првото коло в недела ќе се играат од 17.30 часот, Шкендија – Младост Царев Двор (стадион Чаир), Металург – Силекс (стадион Борис Трајковски), Хоризонт Турново – Ренова (Турново), а последниот меч ќе се игра помеѓу Брегалница и Работнички в понеделник, поради настапот на дебармаалци утре во Лига Европа.

"Шверцери" ги повикаа "Комитите" со бојкот на мечот Вардар и Шкупи да изразат револт против забраната за гостински навивачи
“Шверцери” ги повикаа “Комитите” со бојкот на мечот Вардар и Шкупи да изразат револт против забраната за гостински навивачи

Навивачката група “Шверцери” се јави со соопштение

Откако утринава, по препорака на МВР и ФФМ беше одлучено градското дерби ВардарШкупи да се одигра без присуство на гостински навивачи, навивачката група на Шкупи, “Шверцери” преку соопштение ја изразија својата разочараност.

Навивачката група Шверцери со големо разочарување ја дочека одлуката да не се дозволи присуство на гостински навивачи на долго очекуваното дерби ВардарШкупи. Веруваме дека ваквата одлука на надлежните органи, МВР, ФФМ е голем удар за локалниот фудбал и за спортот генерални. Фудбалот се игра за навивачите, а градското дерби кое се враќа по многу години беше шанса да се наполни стадионот како никогаш досега. Потфрлањето на МВР и фудбалските институции за организирање на еден фудбалски меч јасно го покажува нивниот капацитет за организација на мечеви. Нашите ривали, Комити ги повикуваме еднаш да го поддржат спортот и вистинскиот дух на ултрас-движењето и да го бојкотираат мечот, ако не се дозволат гостински навивачи. И покрај сите опструкции, Шверцери ќе бидат моралнa поддршка на својот клуб за победа на дербито, се вели во соопштението на навивачите од Чаир.

Вардар и Шкупи по пауза од пет години повторно ќе се соочат, сега на стартот на новата сезона во Првата лига, а денеска МВР и ФФМ донесоа одлука мечот да се игра под рефлектори, но без приврзаници на гостите.

"Комити" со одговор до "Шверцери": Никогаш не сте не поддржале во бојкот
“Комити” со одговор до “Шверцери”: Никогаш не сте не поддржале во бојкот

“Комити” веднаш со реакција на соопштението од “Шверцери”

Откако навивачите на Шкупи објавија соопштение преку кое ги повикаа Комитите да го бојкотираат дербито в недела помеѓу Вардар и Шкупи, веднаш стигна одговор од црвено- црната армија навивачи.

Комити се против одлуката на ФФМ и МВР да се забрани присуство на гостински навивачи на натпреварот в недела, но истиот нема да биде бојкотиран од наша страна од причина што многу пати ни било забрането да отидеме на стадионот во Чаир, а таа група што нѐ прозива сега да го бојкотираме дербито, нема направено ништо во врска со тоа. Сте покажале до сега дека немате никаква ултрас култура и со кој образ воопшто таква група го користи овој збор? Дерби се игра на два стадиони, а не на еден, пишува во соопштението на вардаровите навивачи.