Европскиот комесар за соседска политика и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, порача во четвртокот во Белград дека ја охрабрува идната влада на Србија да спроведе реформи на полето владеење на правото кои мора паралелно да ја следат примената на Економско-инвестицискиот план на Унијата за регионот.
Европската унија сака долгорочно да биде повеќе ангажирана во регионот на западен Балкан, а Економско-инвестицискиот план е дел од новата стратегија кон регионот и Србија, порача Вархеји на заедничката прес конференција по состанокот со српскиот претседател Алескандар Вучиќ. Вархеји порача и дека „од суштинска важност е да се тргне напред“.
„Имаме нов почетокот пред себе и можеме да ја забрзаме економијата и целиот процес на пристапување… Извештајот на Европската комисија констатира дека имало извесен напредок, но дека има уште многу за правење. Ја охрабруваме владата која наскоро ќе биде формирана и ќе се потпира на големо мнозинство во парламентот да ги спроведе реформите“, истакна Вархеји.
Еврокомесарот смета дека регионот на западен Балкан може да расте и да напредува само како целите, дека тоа е регион „со големи можности“.
Фалејќи ја идејата за регионален економски простор, која Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама иницираа и ја нарекоа „мал Шенген“, Вархеји го претстави делот од Економско-инвестицискиот план вреден околу 9 милијарди евра. Овој план предвидува беспроватни средства и финансиски гарнации за проекти кои би требало да го поттикна економскиот раст, да воспостави трговски рути и создавање можности за вложувања и отворања нови работни места.
Вархеји рече и дека го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека во тоа „има напредок“, но има и „уште многу нешта да се направат“.
„Под водство на (специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав) Лајчак можеме да дојдеме до резултатот и гледам ангажман на двете страни, но тоа не е лесен процес“, оцени Вархеји укажувајќи дека договорот за економска нормализација меѓу Србија и Косово во Вашингтон „во клучните елементи“ има многу совпаѓања.
„Никогаш не мислев дека самите, како ЕУ, можеме да го решиме ова прашања, потребни ни се американските партнери. Јас сум секогаш за синергија“, истакна Вархеји и додаде дека ЕУ и земјите членки се најголемиот инвеститор во регионот, па и во Србија, и дека покриваат „околу 70 отсто од инвестициите“.
„Со овој план очекувам подлабока интеграција на Србија со Унијата“, порача еврокомесарот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека регионот ќе добие „околу 9 милијарди евра во грант, а уште 20 милијарди преку различни проекти“ и им се заблагодари на Вархеји и на ЕУ на големата поддршка во следните седум години.
„Апсолутно сум сериозен и многу благодарен на даночните обврзници на ЕУ, коишто ќе вложат големи пари во нашиот регион“, рече Вучиќ.
Наведе дека во Извештајот на Европската комисија има посебни критики на негова сметка, меѓу другото дека ја користел функцијата престедател на Републиката за да ги придобие гласовите за партиската листа на партијата на чиешто чело е Вучиќ.
„Ја прифатив вината и подготвен сум да понесам секој вид последици“, порача Вучиќ на зедничката прес-конференција со Вархеји.