Вашингтон нема конечен заклучок за убиството на Кашоги

Американските власти не донеле конечен заклучок за одговорноста за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на неговата татковина во Истанбул на 2-ри октомври, објави во саботата портпаролката на Стејт департментот, Хетер Науерт.

„Властите на Соединетите држави имаат да ги повикаат на одговорност сите вмешани во убистовото на Џамал Јашоги. Неодамнешните информации дека американските власти донеле конечни заклучоци не се веродостојни. Има уште многу неодговорени прашања за убиството на Кашоги“, рекла портпаролката.ж

Претходно весниците The Washington Post, за кој пишуваше Џамал Кашоги откако минатата 2017 година пребегна во САД, и The New York Times кои се повикуваат на анонимни извори, Централната разузнавачка агенција (CIA) поседувала снимка од телефонски разговор меѓу новинарот и саудискиот амбасадор во Вашингтон, врз основа на кој заклучила дека саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман го нарачал убиството на дисидентот.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во саботата имал телефонски разговори н аистата тема со директорката на CIA Џина Хаспел и со државниот секретар Мајк Помпео, потврди неговата портпаролка Сара Сандерс.

Запрашан пред патувањето во сојузната држава Калифорнија, Трамп не даде јасен одговор на прашањето и повторно иснистираше на врските меѓу САД и Саудиска Арабија, „Тие се навистина спектакуларни сојузнци во областа на економскиот развој. Јас сум претседател и морам да земам предвид многу елементи“, одговори.

Стејт департменто потсети дека САД на 15-ти ноември веќе најавија насочени финансиски санкции против 17 саудиски фунцкионер вмешани во убиството на новинарот и прецизирапе дека би можело да бидат разгледани „дополнителни мерки“. Потсетуваат и дека шефот на американската дипломатија Помпео порача дека Стејт департментот ќе продолжи со барањето фактио за да ги изведе пред одговорност сите вмешани.

Претходно челникот на саудиското министерство за надворешни работи Адел ал-Џубеир изјави дека истрагата утврдила дека престолонаследникот Мохамед бин Салман ал-Сауд нема никава поврзаност со убиството на новинарот. Тој вети дека монархијата ќе се придржува до принципите на професионалност и независност при спроведувањето на истрагата.