Од денеска во следните неколку дена следува период на стабилно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат под нулата, а во текот на денот температурите ќе достигнат до 13 степени.
За денеска, синоптичарите најавуваат стабилно време со минимални температури од -10 до -2 степена, а дневните температури ќе се искачат до 10-тиот степен.
Најстудено, според најавите, ќе биде во Маврово и Берово каде се очекува утринската температура да биде -6 степени, а најтопло во Гевгелија.
Слично време ќе има до крајот на неделата. Најтопло ќе биде во вторник кога дневната температура според најавите ќе биде до 13 степени.