Лондон со милијарда долари го финансира споделувањето на вакцината за земјите во развој

Велика Британија од сојузниците успеала да собере милијарда американски долари, или 820 милиони евра, за на „ранливите земји“ да им помогне да обезбедат пристап до вакцините против коронавирусот, соопшти во неделата министерството за надворешни работи по повод виртуелната посета на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на Лондон.

Оваа сума којашто ја издвоиле Канада, Германија и Јапонија, а се придодаваат на 608 милиони евра кои ги обезбедила Велика Британија, „ќе овозможи оваа година милијарда дози од вакцините против коронавирусот да се распределат на 92 земји во развој“, се додава во соопштението на британската дипломатија.

„Од вирусот ќе се заштитиме дури тогаш кога сите ќе бидеме заштитиме, затоа се насочивме на светското решение за светскиот проблем“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб.

Информацијата доаѓа на првиот ден од тридневната виртуелна посета на Гутереш на Велика Британија по повод одбележувањето на 75-годишнината од основањето на Обединетите нации, чиешто прво заседание се одржало во Лондон.