Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска ќе престојува во официјална посета на Хрватска на покана од неговиот хрватски колега Јосип Леко.
Покрај со својот домаќин, Вељаноски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со првиот потпретседател на хрватската Влада и министер за надворешни и европски прашања, Весна Пусиќ.
Планирано е претседателот Вељаноски на свечена седница да се обрати и пред пратениците на Хрватскиот сабор.