„Веспрем“ и „Целје“ го откажаа учеството во СЕХА

Унгарскиот ракометен шампион, „Веспрем“ нема да се натпреварува во новата сезона на СЕХА лигата,иако беше највено дека по едногодишна пауза ќе се врати во најсилната регионална лига. Лигата ја напушти и словенечки „Целје“.

Унгарците се откажаа од настапот бидејќи лигата нема да го смени системот на натпреварување, што беше единствениот услов на клубот. Иако имаа начелен договор дека системот на натпреварување ќе се промени и ќе се игра во две групи, поради откажувањето на двата словенечки претставници „Целје“ и претходно „Горење Велење“ СЕХА одлучи да го задрќи постојниот формат на играње, лига систем и фајнал-фор.

Словенечкте клубови се откажаа од СЕХА поради враќање на регуларниот систем на натпреварување во домашното првенство, а Унгарците и така имаат премногу обрски во сезоната па мораа да и откажат љубов на регионалната лига.

Во Келн, на Ф4 турнирот, постигнавме вербален договор со СЕХА, дека ќе има измени во системот, но сега сме известени дека двата тима од Словенија нема да учествуваат, поради што нема да може да се воспостави новиот систем (две групи од по 5-6 екипи), туку ќе се продолжи по стариот систем. Во лигата ќе има 10 екипи, а потоа најдобрите четири ќе играат на Ф4. Тоа не ни оди во прилог, поради што мора да го откажеме учеството, се вели во соопштението на „Веспрем“, кој настапува и во Лигата на шампионите, како и во националното првенство и во Купот.

Со откажувањето на овие три екипи СЕХА лигата значително ќе загуби на квалитетот, а челниците допрва ќе решат кои екипи ќе влезат на местото на оние што се откажаа, а веројатно ќе бидат вклучени екипи од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

Засега сигурни во лигата се „Вардар“, „Металург“, „Загреб“, „Нексе“, „Мешков Брест“, „Татран Прешов“ и „Железничар“.