Кошаркарите на Атланта Хокс славеа над Лос Анџелес Клиперс со 108-99 и на тој начин ја прекинаа победничката низа на клубот од Калифорнија.
Клиперс во Џорџија допатува без најголемите ѕвезди Ленард и Џорџ, а недостапен поради повреда беше и првиот плејмејкер Беверли. Домаќините знаеја ова да го искористат и со добра игра пред се во вториот дел дојдоа до триумф над тимот кој и сезонава е еден од главните кандидати за титулата.
Фантастичен беше Јанг со 38 поени, Хантер додаде 22, додека дабл-дабл пак запиша центарот Капела (13 поени и 18 скокови). Џексон беше прв стрелец кај поразените со 20 поени.
О’Нил со 20 и Конли со 19 поени беа најрапсоложени за игра, кај Никс резервистот Риверс беше автор на 25 кошеви.
На третиот дуел Хјустон го надигра Вашингтон со 107-88.