Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во текот на гостувањето на телевизијата Канал 5 во средата изнесе став со којшто се чини потполно се согласува со мислењето на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека е потребно „зреење на македонскиот народ“.
Борисов ваква изјава даде пред неколку дена во Брисел, каде посочи дека Македонците треба уште да зреат за да добијат датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, јавија бугарските медиуми.
На новинарско прашање за одлагањето на датумот тој одговорил:
„Тие имаат уште многу работи да поправат. Да не ме разберат погрешно, но додека се споро дали Гоце Делчев е Бугарин, дали е Бугарин-таа малопродажба на едни херои, кои реално се бореле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите песни се поврзани со нив…И опозицијата постајно ќе ме потпрашува што прави комисијата…Нека созреат. Не можам тоа да го дозволам. Бугарија стори се и тие се вивнаа кон небото. Сега тие требало да прават компромиси во комисијата и антибугарска реторика!
Истото мислење за зреење на нашиот народ дели и Димитров. Според него, работата на комисиите за историја се корисни за „зреење на македонскиот народ“.
„Дури и без ЕУ и НАТО, овие процеси да ги изодиме, за нашето зреење како народ“. рече Димитров во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.
https://www.youtube.com/watch?v=w6xtTU_naSE