Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на улицата „Франклин Рузвелт“, во сцентарот на Скопје, починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“, потврдија медицински извори.
Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишник кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.
И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите, изјави за МИА д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.
Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар биле донесени три лица со повреди од огнено оружје. Кај едниот била веднаш констатирана смрт, другите двајца биле хоспитализирани на КАРИЛ со животозагрозувачки повреди и едниот починал два часа по приемот. На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.
Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Наим Ајети а другите двајца Ферди Елезовски (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар, соопшти МВР.
Според искази на очевидци се одвилала престрелка и бркотница на возила која се случила долж улицата, кога три лица кои биле во возило „сеат алтеа“ биле нападнати со автоматско оружје од напаѓачите во џип „лендровер“ со зелена бојa. Бркотницата започнала пред седиштето на Специјалнот јавно обвинителстов (СЈО), но возилото на нападнатите се движело уште стотина метри до кафетеријата „Жапон“, каде што „алтеата“ удрила во две возила и запрело. Очевидци сведочат дека еден од нападнатите барал помош којашто се обиделе да му ја пружат луѓе од околните локали додека џипот продолжил кон Зоолошката Градина.
Други очевидци велат дека нападот бил извршен од теренско возило со црна боја и пукањето било рафално најверојатно со автоматска пушка во близина на СЈО, по што Наим кој го управивал возилото ја намалил брзината и во близина на кафе Галери се судрил во друго возило. Возилото на сторителите само поминале во истиот правец и на раскрсницата улиците „Рузвелтова“ со „Орце Николов“ завртеле лево кон Центарарот за странска јазици.