(ВИДЕО) Eдна цигара на паркинг во Тексас пеплоса 73 автомобили

На Јутјуб се појави снимка од голем пожар на семејната фарма Робинсон во Тексас, кој направил огромна материјална штета.

Пожарот избувнал на импровизиран паркинг на семејната фарма Робинсон во Тексас, во околу 13 часот во сабота, за време на одржувањето на годишниот есенски фестивал.

Шефот на локалната противпожарна служба Крис Малстед изјавил дека пожарот најверојатно е предизвикан од цигара, која, како што рекол, „била непрописно фрлена на тревниот паркинг“.

Локалните противпожарни единици успеале да го изгаснат пожарот по два и пол часа, во инцидент.