(ВИДЕО) Електронското дуо Daft Punk објави дека се разидува

Француското дуо кое создаваше електронска музика Daft Punk, основано 1993 година, ја заврши својата кариера, потврди во понеделникот нивната агентка за агенцијата AFP и за магазинот The Variety, по објавувањето на видеоснимката на YouTube.

Осумминутната снимка „Epilogue“ презема сцени од нивниот филм „Electrorama“ од 2006 година и го прикажува дуото коешто го сочинуваат Тома Бангалтер и Ги-Мануел Омем-Кристо во роботските костуми во пустина. Напнатоста го доживуваа врвот кога еден од роботите експлодира а на дисплејот се покажува „1993-2021“.

Дуото Daft Punk Бангалтер и Омем-Кристо го основаа во Париз во 1993 година, и набрзо со својот француски „штик“ ја освоија публиката. Со првиот албум „Homework“ од 1997 година со хит синглот „Around the world“ им ја обезбеди светската влада. А името на бендот го избрале така што едноставно го преземаче епитетот од реномираниот британски магазин.

Дуото познато по настапите под роботски кациги работеше цели 28 годони, а пошироката меѓународна слава ја стекнаа кога нивната нумера „Harder Better Faster Stronger“ од 2008 година беше номинирана за најпрестижната музичка награда Grammy во категоријата најдобра денс нумера.

Најуспешниот албум им беше „ „Random Access Memories“, награден со Grammy во 2013 година, а сонглот „Get Lucky“, направен во соработка со американскиот музичар Фарел Вилијамс, беше прогласн за песната на годината.