Легендарниот Швајцарец Роџер Федерер во решавачкиот меч а место во полуфиналето на Мастерсот во Лондон извојува убедлив триумф над големиот ривал Новак Ѓоковиќ.
Федерер играјќи во транс за само 72 минути го совлада вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-0 по сетови 6-4 и 6-3.
Со овој триумф швајцарскиот велемајстор обезбеди уште едно полифинале на завршните турнири. Рекордерот според бројот на освоени титули од Завршниот Мастерс во 40 меч против Ѓоковиќ ја оствари 23 победа со која на некој начин му се ревашнираше на српскиот тенисер за поразот во финалето на Вимблдон.
По денешниот пораз во тенискиот класик Ѓоковиќ годината сигурно ќе ја заврши на второто место на АТП листата зад лидерот Рафаел Надал кој утре против бранителот на тронот во Лондон Александар Зверев ќе атакува на победа за место меѓу четворицата најдобри.
SWEET REDEMPTION FOR ROGER!@rogerfederer has defeated Novak Djokovic and has made the #NittoATPFinals semis!
🎥: @TennisTV pic.twitter.com/rOBZ7Dlf5k
— ATP Tour (@atptour) November 14, 2019
Засега сигурни полуфиналисти се двајцата најдобри од Груата Бјорн Борг, Федерер и Доминик Тим.