(ВИДЕО/ФОТО) Хари и Вилијам заедно ќе го откријат споменикот на Дијана

Несогласувањата накратко се тргнати настрана со давање нови информации за статуата што треба да биде откриена на роденденот на Дијана. Ќе биде поставена во градината на палатата Кенсингтон, каде Хари и Меган ја објавија својата свршувачка …
Принцот Вилијам (38) и принцот Хари (36) го потпишаа последниот дизајн на статуата, кој ќе биде подигнат во спомен на неговата мајка, принцезата Дајана, пишува Mirror.

Браќата уште во 2017 година објавија дека ќе ја направат нејзината статуа, а скулпторот Иан Ранк-Бредли сега конечно може да го заврши проектот.
Уметникот ќе ја направи статуата на принцезата Дијана од леана бронза, а принцовите треба да ја претстават на 1. јули годинава, на нејзиниот 60-тти роденден. Ќе биде поставена како дел од палатата Кенсингтон, во Санкен Гарден, местото каде Хари и Меган објавија свршувачка.

Не е познато дали браќата го потпишале последниот дизајн пред или по интервјуата со Меган Маркл (39) и Хари со Опра Винфри (67), но странските медиуми веруваат дека тоа може да биде првиот знак дека тие можат да се помират.
„Знам дека Бредли соработуваше тесно со принцовите и мислам дека тоа ќе биде неверојатно. Среќни сме што го имаме како уметник во Велика Британија – изјавил извор близок до вајарот. Исто така, Хари, наводно, ветил дека ќе биде на откривањето на статуата, и покрај фактот дека односите меѓу него и неговото семејство биле затегнати.

„Принцовите сонуваа за ова уште од детството. Тие беа деца кога нивната мајка почина, а сега веќе пораснаа во мажи и сакаат да и одадат почест онака како што заслужува.
Да потсетиме, Хари отворено зборуваше во подкастот ‘The Mad World’ на „Телеграф“ за тоа дека неговиот живот бил во целосен хаос откако, на возраст од 12. години, ја изгубил својата мајка во трагична сообраќајна несреќа во Париз во 1997. година. За полесно да се справи со нејзината смрт, принцот Хари, призна тогаш, станал емоционално далечен и започна да ја „турка главата во песок“, одбивајќи некогаш да размислува за неговата покојна мајка.

– Што би помогнало тоа? Само ќе ме растажеше … па емоционално си реков: ‘Добро, никогаш не дозволувај твоите емоции да бидат дел од ништо’“, рекол тогаш Хари.
Ситуацијата на подоцнежна возраст само се влошила, а на крајот неговиот брат, принцот Вилијам, бил тој кој го охрабрил да побара стручна помош.
„Мојот брат, тој беше благословен да е, беше голема поддршка“, рекол тогаш Хари.
Со оглед на второто, воопшто не се изненадувачки шпекулациите за можно помирување на принцовите на првиот состанок по долго време. Сеќавањата на љубовта на нивната мајка и печатот што го остави може навистина да го затворат јазот меѓу отуѓените браќа.

Фото:Принтскрин/Instagram / монтажа