ВИДЕО| Фудбал веќе никогаш нема да се игра во Франција на 5-ти мај

Францускиот парламент донесе закон со кој се забранува одржување професионални фудбалски натпревари во Франција на 5-ти мај во посмен на жртвите од катастрофата на стадионот „Фуриани“ на Корзика во 1992 година.

На овој ден пред 29 години се урна една од трибините на тогашниот стадион „Арманд-Кесари“ на натправарот од полуфиналето во францускиот куп меѓу домашната Бастија и Олимпик Марсеј и притоа загинаа 18 луѓе а уште 2.300 беа повредени.

Забраната наиде на противење од Француската лига и од Француската фудбалска федерација, но го изгласа Народното собрание долниот дом на францускиот парламент уште минатата година, а беше ратификувана во Сенатот во четвртокот.

Законот се однесува на сите натпревари во Лига 1, Лига 1, Купот на Франција и Лигата на шампионите.