На Филипините се случи еден од најголемите скандали за време на пандемијата на корона вирусот кога еден владин функционер не ја исклучил камерата за време на состанокот на платформата Зум.
Филипинските медиуми пренесуваат дека шефот Естил не се снаоѓа добро со модерната технологија, па по грешка ја оставил вклучена камерата и со тоа овозможил неговата приватна „акција“ да стане јавна.
Така на екранот се гледа како Естил има секс со жена, за која подоцна се испоставило дека била неговата секретарка.
На видеото се гледа Естил како ја исклучува камерата (а всушност не ја исклучил) за да ѝ се „посвети“ на својата секретарка, а по акцијата ги облекува панталоните и се враќа на состанокот.
Откако видеото стана вирално, Естил ќе биде отпуштен од работната позиција.
Неодамна, истата ситуација се случи и на состанокот на општинскиот Зум состанок во Рио де Жанеиро, кога еден од учесниците имал секс со неговата сопруга, а исто така заборавил да ја исклучи камерата.