Големо невреме проследено со врнежи од град попладнево ја погоди Хрватска, јавуваат хрватските медиуми, при што најпогодени се Риека, Загреб, Истра, Славонија, Горски котар.
Во некои области наврнало град околу 20 сантиметри. Поради градот, за момент иамло прекин на неколку делници. Автомобилите кои се нашле на автопатиштата морале да застанат и да се кријат во тунелите и под мостовите.
Невремето било во северниот и во југоисточниот дел од земјата.