„Црвените ѓаволи“ се самоубија буквално, после доминантното прво полувреме, двата гола на Марцел Сабицер за седум минути во 14-та и 21-та минута и низата шанси, па Андалузијците од ништо направија чудо. Прво Маласија си даде автогол по ударот безмалку од мртов агол на Хесус Навас, изненадувајќи го притоа Давид де Хеа, за во втората од шесте минути во судиското надополнување, Хари Мегваер да го совлада својот гол по ударот на Ен Несири.
https://twitter.com/EuroGoals13/status/1646618004812095492?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1646618004812095492%7Ctwgr%5Ecb1c257e4ab5d76b84abde55d6ad138c9bedb882%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Fjunajted-namesto-da-zachekori-kon-polufinale-se-samoubi-sevilja-neporazena-na-old
Мароканецот сакаше на друга страна да бие со глава, го погоди Мегваер во глава, па топката отиде во спротивен правец и го изненади Де Хеа, за Манчестер да направи од готово-вересија и сега со многу маки да оди на гостувањето идната недела зашто поради суспензија ќе го нема ни Бруно Фернандеш.
Јувентус со минимални 1-0 го доби Спортинг Лисабон во Торино, откако Гати даде гол во 73-та минута за барем минимална предност со која „старата дама“ оди на реванш во Португалија. Баер Леверкузен и белгиски Унион Сен Жил ремизираа 1-1 во Германија, па реваншот во Белгија ќе решава за полуфиналист од оваа пресметка.
Во првиот денешен меч, Феенорд ја победи Рома со 1-0 и со гол предност оди во „вечниот град“ на реваншот.