По осум сезони и 73 епизоди, популарната серија „Game of Thrones“ на телевизискиот канал HBO дојде до својот крај рано утрото во понеделникот по средноевропско време, со неизоставниот шокантен крај и избор на многу неверојатниот лик за крал, како и нова грешка, пренесуваат медиумите.
Во својата последна епизода која траела еден час и дваесет минути, средновековната „фантази“ сага темелена на романот на Џорџ Р.Р. Мартин, ја заврши својата приказна за многу ликови и испреплетени заплети.
Корисниците на социјалните мрежи во понеделникот открија уште една грешка, и тоа во последанта епизода од серијата. Станува збор за пластично шишенце коешто останало на сцената и „ѕирка“ од зад нога на еден од главните ликови Сем Трали. Потоа, во истата сцена може да се види уште едно шише под столицата зад нозете на Давос и Џендри. Од HBO сѐ уште не ја коментираа оваа грешка.
Во една од претходните епизоди, поклониците на „Игра на тронови“ забележаа хартиена чашка на синџирот кафетерии „Starbucks“. Од HBO тогаш ја признаа грешката и ја „исекоа“ оваа сцена. Потоа портпаролите на компанијата се шегуваа дека хероината Дајнерис Таргариен од споменатата чаша не миела кафе туку чај.
Големата конкуренција за Железниот престол, на кој седнува крал и кој е направен од стотици мечеви, првично завршила со смрт на кралот, а потоа со неверојатен избор на наследник на измисленото кралство Вестерос.
Со тоа е заклучена серијата која е водечки продукт на издавачката куќа HBO, а последната сезона сѐ уште е предмет на многу дискустии, во коишто и обожавателите и критичарите некои заплети ги сметаат за проблематични, особено по прашањето на развојот на еден од ликовите во сторијата.
Последната сезона од серијата постави и нови рекорди за HBO, кои објавија дека во просек по епизода серијата ја гледале 43 милиони луѓе само во САД, што претставува пораст од 10 милиони гледачи во однос на претходната сезона.
Последната сезона, исто така, беше и најкусата и воедно и најскапата од серијата. Љубителите на „Троновите“ можеа да видат повеќе епски битки, змејови и разурнување со, секако, повеќе вложени пари. Финалната осма сезона имаше импресивен буџет и секоја епизода чинеше околу 15 милиони долари, а за снимањето вкупно биле потрошени меѓу 90 и 100 милиони долари.
За споредба, епизодите од првата сезона чинеле речиси трипат помалку, односно по 6 милиони или 60 милиони долари вкупно. Во втората сезона беа обезбедени по 2 милиона долари повеќе, иако креаторите барале по 2,5 милиони долари посебо за големата битка на Блеквотер, обидот на Станис Баратеон да го освои Пристанишното кралство во претпоследната епизода. Од шестата сезона, буџетот на серијата се зголеми на 10 милиони долари за секоја епиода, а „Игра на троновите“ во 2018 година влезе во првата петорка најскапи телевизиски продукти кои воопшто се појавиле на американските екрани. Вкупно, како што пресметуваат медиумите, HBO за серијата потрошиле околу 500 милиони долари.
Истовремено, трошоците за производството не се единствените, авторите традиционално трошат повеќе за рекламирање. Осмата сезона на „Game of Thrones“ постовила своевиден рекорд – нејзиниот буџет за маркетингот изинесува 20 милиони долари, објави весникот The Wall Street Journal.
Севкупно серијалот „Игра на престоли“ веќе стана еден од најпопуларните во историјата. Исто така, доби голем број позитивни критики и освои рекордни 47 Еми награди.