Недостигот од вода е акутен проблем во неколку области на централната индиска држава Мадја Прадеш. На видеото се гледа како жена се спушта во бунар без јаже или појас, ризикувајќи го животот, за да стигне до вода, јавува Би-Би-Си.
Луѓето во селото Гусија беа принудени на вакви екстремни однесувања, откако им секнаа бунарите и езерцата.
Неколку други области низ Индија се соочуваат со слична криза со недостиг на вода. Видеа кои покажуваат како Индијците ги ризикуваат своите животи за да добијат вода, често стануваат вирални.
Во април слично видео покажа жена која слегува во бунар во државата Махараштра за да дојде до вода. Во Мадја Прадеш недостатокот на вода е проблем што се повторува секое лето. Државната влада вети дека ќе го снабдува секое село со вода од чешма до 2024 година. Но, водата за пиење сè уште е недостапна за милиони луѓе.
Во Гусија, гневните селани рекоа дека ќе ги бојкотираат локалните избори оваа година во знак на протест против владата.
– Мора да се спуштиме до бунарот за да собереме вода. Има три бунари (овде), сите речиси пресушија. Ниту една рачна пумпа нема вода, изјави една жена за новинската агенција АНИ.
-Владините и политичките лидери доаѓаат овде, само за време на избори. Овој пат решивме да не гласаме додека немаме соодветно водоснабдување, рече таа.
blockquote class=”twitter-tweet”>
#WATCH | Madhya Pradesh: People in Dindori’s Ghusiya village risk their lives to fetch water from an almost dry well pic.twitter.com/jcuyLmE5xL
— ANI MP/CG/Rajasthan (@ANI_MP_CG_RJ) June 2, 2022