Иран го извел второто успешно тестирање на тристепената ракета-носач „Зулџанах“, пренесе во неделата новинската агенција Fars повикувајќи се на министерството за одбрана на Исламската Република.
Како што се наведува во информацијата, два степена од ракетата функционираат на цврсто гориво, а една на течен енергенс. Информациите добиени во текот на двете пробни лансирања, се планира да бидат искористени за наредното поставување на ирански сателит во орбитата на Земјата, се додава.
Иранските власти со години работата на развој на национална вселенска програма и досега имаат успешно лансирано неколку сателити. Во февруари 2022 година, шефот на Иранската вселенска агенција, Мотреза Барари, рече дека по 2023 година Техеран може да ја користи ракетата „Соруш“ за лансирање сателити на височина од 36.000 километри, односно во геосинхроната орбита.
Во изјавата од неделата, Ахмад Хосеини, портпарол на иранското Министерство за одбрана, објасни дека тристепената „Зулџанах“ е конкурентна со врвните светски носачи на сателити во технички аспекти, истакнувајќи дека има две фази на цврст погон и една фаза на течен погон. Додал декака третата развојна фаза на сателитскиот носач е започната.
По вградувањето на потребната технологија и успешното работење, носачот на сателити „Зулџанах“ ќе може да постави „корисна носивост со тежина до 220 килограми во орбитата на надморска височина од 500 километри“, додаде Хосеини.
Иранското Министерство за одбрана ја лансираше ракетота-носач „Зулџанах“ во Вселената првпат во февруари 2021 година.
Ракетата е именувана по коњот на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Долга е 25,5 метри и тешка околу 52 тони. Користи мотор со цврсто гориво со дијаметар од 1,5 метри со 74 тони потисок.