(ВИДЕО) Ирански патнички авион избегна судир со странски ловци над Сирија

Иранскиот патнички авион кој претходно во сирискиот воздушен простор имал инцидент при пресретнувње од страна на два странски борбени авиони и при што е избегнат воздушен судар, доцна ноќта кон петокот се спушти безбедно на техеранскиот аеродром „Имам Хомеини“, пренесе иранската новинска агенција Fars.

Претходно во четвртокот беше објавени дека неидентификувани странски борбени авиони опасно му се приближиле на патничкиот авион на иранската воздухопловна компанија „Mahan Air“ кој летал од Техеран кон Бејрут.

Првично медиумите јавија дека ловците кој го пресретнале иранскиот авион веројатно биле израелски, но подоцна иранскиот редиотелевизиски дифузер IRIB, повикувајќи се на изјави од екпипажот на авионот, пренесе дека станува збор за американски борбени авиони.

Израелската армија во меѓувреме стандардно изјави во брска со инцидентот дека „не ги коментира објавите на странски медиуми“. Официјален Вашингтон засега не ги коментираше информациите.

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека Техеран ги проучува околностите на инциденрот, но не го посочи директно виновникот, посочувајќи дека ќе бидат преземени  неопходните политички и правни мерки штом ќе се соберат сите дополнителни информации за настанот.

Сепак, министерството истакна дека одговорноста за евентуалната несреќа со авионот во текот на повратниот лет кон Иран би паднала врз САД. Авионот претходно се приземјил во Бејрут, ги земал патниците по што полетал назад кон Техеран.

Агенцијата Tasnim прецизираше дека во патничкиот авион немало ниеден политичар или висок воен офицер, поради што евентуално би бил цел на американските сили.

Иранските медиуми јавија за неколкумина повредени патници додека пилотот се обидувал да го избегне судирот со ловците. Инциденетот, според написите, се сличил над сириската област Ал-Танф, каде што се стационирани американски сили.