Израелската партија од крајната десница Хајамин Хехадаш (Нова десница) објави видео за изборната кампања во којашто привлечната министерка за правда Ајелет Шакед во елегантен костум се прска со парфемот со назив „Фашизам“, предизвикувајќи вистинска експлозија на социјалните мрежи.
Министерката Ајелет Шакед со оваа контроверзна реклама се вклучи во онлајн изборната кампања. Политичките реклами на телевизиите во Израел се доволени само две седмици во пресрет на изборите на 9-ти април, па партиите и кандидатите повеќе се свртија кон интернет.
Агенциите пренесуваат дека рекламата многу потсетува на сатиричниот скеч на актерката Скарлет Јохансон од 2017 година во популарното шоу „Saturday Night Live“ кога ја одглуми Иванка Трамп која го рекламира парфемот „Complicit“ (Соучесницчки).
Рекламата на министерката Шакед, втора на листата на партијата Нова десница, привлече големо внимание и досега е прегледана повеќе стотици илјади пати.
Фотогеничната министерка заводнички шепоти фрази како „реформа на правосудството“, „одвојување на власта“, „зауздување на Врховниот суд“, за да го земе на подбишега обвинувањето за фашизам од страна на нејзините критичари. На крајот од видеото посегнува по шишенцето со парфемот „Фашизам“ за обилно да се намириса.
„За мене, тоа е парфем на демократијата“, саркастично заклучува Шакед. Меѓутоа, како што оценуваат медиумите, не е сигурно дека сите сфатиле што сака да порача.