ВИДЕО| Каевски ги пофали капиталните проекти на СДСМ, ама не можеше да наброи ниту еден

Дарко Каевски денеска во седиштето на СДСМ не сакаше да даде одговор за време на поставувањето на новинарските прашања да наброј еден капитален проект на градоначалниците на СДСМ.

Имено тој во својот одговор призна дека градоначалниците на СДСМ немаат ниту еден проект потенцирајќи дека се наоѓаме во енергетска и здравствена криза и одговорното владеење и на локално и на централно ниво е нешто што е потребно.

„Голем број на капитални проекти продолжуваат во Струмица, Валандово, Центар“, вели Каевски заобиколувајќи да наброј еден конкретен проект.

По, ова со своја реакција се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека Дарко Каевски не знаеше да наброи еден капитален проект кој го направија градоначалниците на СДСМ, единствен капитален проект беа 3-те стана и 4 милиони на сметка.

„Каевски стана најмладиот милионер во Македонија, тој со државна плата стигна до милиони на сметка.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години.

1.090 проекти се почнати или завршени во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Охрид е почнато ново булеварско решени, во Битола се реконструира стадионот, во Аеродром сите градинки добија фотоволтаични кровни конструкции, нова канализациска инфраструктура во делови од Гази Баба и Кисела Вода, во Бутел се уредува кејот на Серава, во Гевгелија се реконструира центар за култура, во Велес и Кавадарци при крај се изградбите на објекти за затворен пазар, во Радовиш е пуштено во употреба основно училиште, во Прилеп се реконструира плоштадот и се врши доизградба на детска градника, во Ѓорче Петров се прави нова канализациона мрежа. Нема општина кај што нема по неколку проекти.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат за подобрување на условите за живот, допрва следуваат голем број проекти низ сите општини“, стои во нивното соопштение до јавноста.