Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој многу сака да е присутен на телевизиските екрани и да зборува негативно за Македонија, на едно такво гостување ги кажа размислувањата за иднината на нашата земја.
„Има иднина, сум разговарал со многу политичари од Скопје. Вашата алтернатива има две насоки, Вие треба да си изберете. Едната алтернатива е за 20 години да сте дел од една албанска држава, односно провинција во албанска држава. Тогаш треба да се бориме за правата на некое славјанско малцинство. Тогаш ќе бидам 20 години постар и нема да се занимавам со вас. И, втората варијанта е европска интеграција во рамките на една нормална бугарска држава“, рече Каракачанов.